Европски пакет за Источното соседство

Тринаесет земји членки на Европската унија понудија документ за расправа за иднината на Источното партнерство во кој бараат „Европски пакет“ за земјите вклучени во таа програма. Документот не нуди ништо ново во врска со Украина која е зафатена со граѓански немири откако претседателот Виктор Јанукович не го потпиша договорот за поблиски врски со Унијата. За Грузија и Молдавија кои најавија дека ќе ги потпишат таквите договори во август годинава, документот сугерира забрзување на процесот со цел да се исклучи можноста од натамошен притисок на Москва врз тие земји.