Најавени демонстрации во повеќе градови во БиХ

Тузла, 06.02.2014.

Полициски сили синоќа со солзавец растераа демонстранти пред зградата на Владата на Тузланскиот кантон со што ги прекинаа протестите во тој град. Во Универзитетскиот клинички центар во Тузла биле примени 33 полицајци и пет цивили потади повреди здобиени на немирите. Во Итната помош пак, лекарски третман добиле 100 повредени полицајци и 28 граѓани. За денеска се најавени нови протести во голем број градови во Босна и Херцеговина. Протестите почнаа во средата со учество на незадоволни работници од пропаднати приватизирани компании, невработени млади лица и членови на боречки организации.