Мушараф на суд за предавство на Пакистан

Поранешниот лидер на Пакистан, Первез Мушараф

Пакистанскиот суд денеска официјално ќе го обвини за предавство на државата поранешниот воен лидер Первез Мушараф. Но, се уште не е јасно дали Мушараф ќе присуствува на судењето. Случајот предизвика тензии меѓу пакистанската армија и цивилната влада.
Мушараф порано избегнуваше да се појави во судот поради, како што тврдеше здравствени проблеми, односно проблем со срцето кој му се јавувал додека го носеле накај судот.