Оставка на романскиот министер за финансии

Романскиот министер за финансии Даниел Кицоју поднесе оставка од функцијата откако беше покрената истрага за вмешаност во корупција против неговата сопруга. Кицоју, кој беше и вицеппремиер во владината коалиција негираше дека неговата оставка има врска со скандалот во кој е вмешана неговата сопруга.
Тој изјави дека сака да се фокусира на активности во неговата Национална либерална партија пред европските и претседателските избори во
Романија.