Нуланд во обид да ја реши кризата во Украина

Американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд се сретна со украинските опозициски водачи во Киев во обид да стави крај на политичкиот ќор-сокак. Нуланд, која е во дводневна посета на Украина разговараше со Витали Кличко, Арсениј Јатсениук и Олег Тианчубук.
Во меѓувреме, во парламентот не мина законодавство за промена на уставот за огранилување на претседателските овластувања. Во Киев, пак околу 2000 антивладини демонстранти носејќи штитови и палки маршираа пред владата за да ја потсетат на нивните барања.