Пуси Рајот, Мадона за Русија без Путин

Двете членки на руската група Пуси Рајот се појавија на концерт во Соединетите Држави, при што го повикаа рускиот претседател Владимир Путин да ги ослободи сите анти-владини демонстранти. Откако беа претставени од поп звездата Мадона, на еден хуманитарен собир на Амнести Интернешнел во Њујорк, Надежда Толоконикова изјави: Бараме Русија да биде слободна, Русија без Путин. Мадона ги претстави со зборовите: Време е остатокот од светот да биде храбар како членките на Пуси Рајот и да застане против луѓето како Путин, против оние кои не ги почитуваат човековите права. Претходно Толоконикова и Марија Аљокина се состанаа со американската амбасадорка во Обединетите Нации Саманта Пауер.