Нуланд во посета на Киев

Американскиот помошник државен секретар, Викторија Нуланд е во посета на Киев за да ја изрази поддршката на Вашингтон за продемократските демонстранти. Посетата на Нуланд доаѓа откако Вашингтон призна дека води разговори со Европската унија за пакетот финансиска помош за Украина. Кремљ во средата предупреди дека помошта од 15 милијарди долари зависи од посветеноста на Киев и поранешните ветувања на претседателот Виктор Јанукович кон Москва. Кремљ ја понуди помошта откако Јанукович го отфрли трговскиот договор со ЕУ со цел да ги одржи добрите односи со Русија. Во меѓувреме, опозициските демонстранти велат соопштија дека планираат да протестираат и денеска надвор од парламентарната седница продолжувајќи со барањата за измени во уставот на Украина.