Кери: Француските компании да немаат бизнис договори со Иран

Американскиот државен секретар Џон Кери ги предупреди француските компании дека ќе се соочат со меѓународни санкции ако потпишат бизнис договорти со Иран. По телефонскиот разговор со францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус, Кери изјави дека француските фирми може да се соочат со меѓународни санкции поради иранската нуклеарна програма. Пред неколку дена директорите од најголемите компании во Франција беа во Техеран на разговори за можни бизнис соработки. Турските бизнисмени, исто така, отпатуваа за Техеран откако Иран се согласи на привремен договор за намалување на нуклеарното збогатување во замена за ограничено олеснување на санкциите, додека преговорите за постојан договор се уште се во тек. Иранскиот заменик министер за нафта за надворешни работи, Али Маџеди изјави дека компанијата Газ де Франс ја објавила својата подготвеност "да соработува со Иран".