Најмалку 19 загинати од снежно невреме во централна Азија

Kyrgyzstan

Најмалку 19 лица загинаа како последица на обилните снежни врнежи во Авганистан и соседните централно азиски држави. Меѓу загинатите во Авганистан има пет деца.
Во Ташкент, главниот град на соседен Узбекистан, снегот денеска предизвика лизгање на авион на пистата. Никој не беше повреден.
Друг авион во соседен Таџикистан исто така излета од пистата во понеделникот.
Во Киргистан, пак, при снежни лавини загинаа пет лица во текот на изминатите неколку дена.