Уапсен синот на поранешниот косовски претседател Ругова

Споменикот на Ибрахим Ругова во Приштина

ЕУЛЕКС го уапси Ук Ругова, синот на поранешниот претседател Ибрахим Ругова, во нивниот дом во Приштина, како и уште седум лица што се поврзуваат со организиран криминал, јавија приштинските медиуми.

Адвокатот на Ук Ругова Бајрам Тмава потврди дека со налог на обвинителот на ЕУЛЕКС тој е уапсен и дека му одреден 48 часовен притвор.

Според Тмава, ЕУЛЕКС се сомнева дека синот на поранешниот претседател на Косово бил вклучен во организиран криминал и злоупотреба на службена должност.