Њујорк - 4 лица уапсени во врска со смртта на актерот Хофман

Полицијата во Њујорк уапсила четири лица како дел од истрагата за смртта од предозирање на актерот Филип Сејмур Хофман.
Според "Њујорк тајмс", кај тројца уапсени мажи и една жена на Менхетен биле пронајдени и 350 вреќички со хероин. Хофман почина во неделата.
Тој доби Оскар за филмот "Капоте".