НСА го шпионирала и Герхард Шредер

Герхард Шредер

Американската Национална безбедносна агенција НСА го шпионирала поранешниот германски канцелар Герхард Шредер од 2002 година поради неговото противење на инвазијата во Ирак предводена од САД, јавуваат германските медиуми. Весникот „Зидојче цајтунг“ пишува дека овие информации се базирани врз извори во американската влада и „инсајдер“ од НСА.
Во минатата година беше објавено дека и мобилниот телефон на сегашната канцеларка Ангела Меркел бил прислушкуван од страна на НСА. Тие вести беа темелени врз информациите добиени од поранешниот соработник на оваа агенција Едвард Сноуден. Тој за една германска телевизија изјави дека НСА шпионирала и во германската индустрија, на пример во компанијата Сименс.
Сноуден доби азил во Русија, но се понуди да оди во Берлин за да помогне во истрагата на Бундестагот за активностите на НСА.