Нова партија на Борис Тадиќ

Поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ денеска ќе го почне процесот за регистрација на нова политичка партија. Неименувани извори за Танјуг изјавија дека таа најверојатно ќе се вика Нова демократска партија.
Паралелно со тоа ќе почне и собирањето потписи потребни за кандидирање на партијата за претстојните парламентарни избори. Согласно со законот за политички партии, потребни се најмалку 10.000 потписи, а пријавата за упис треба да се поднесе во рок од 30 дена од основањето на партијата.