Ванковска ќе собира потписи за кандидатура за претседател

Универзитетската професорка Билјана Ванковска денеска до Државната изборна комисија поднесе барање за отпочнување на процедурата за собирање на 10 илјади потписи за независен кандидат за претседател.
Граѓаните кои ќе сакаат да и дадат поддршка на Ванковска, ќе може тоа да го сторат од 16 февруари до 2 март во една од подрачните единици на ДИК.