Клучните западни лидери не одат на отворањето на ЗОИ во Сочи

Рускиот претседател Владимир Путин од денеска е во Сочи за да ги пречекува лидерите на државите кои ќе дојдат на отворањето на Зимските олимписки игри, во петок. Се очекува присуства на околу 40-тина претседатели на држави или влади од светот. Меѓу нив нема да бидат американскиот претседател Барак Обама, британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел и други западни лидери, како еден вид одговор на кршењето на човековите права во Русија. Италијанскиот премиер Енрико Лета е под силна критика на домашната јавност поради најавата дека ќе оди во Сочи. Весникот Кориере Дела Сера го повика Лета, во Сочи да зборува гласно за човековите права. Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов исто така најави дека ќе оди на отворањето на Зимската олимпијада во Сочи.