Украинската опозиција притиска за промени на Уставот

Украинскиот парламент денеска ја почна седницата со барање на опозицијата за уставни промени со кои се ослабува позицијата на шефот на државата. Опозицискиот лидер Виталиј Кличко во обраќањето до пратенците изјави дека без овие промени не е можен излез од кризата. Тој ја обвини администрацијата на претседателот Виктор Јанукович за нередите и предупреди дека е можна натамошна ескалација на тензиите. Лидерот на парламентарната група на владејачката Партија на регионите Олександар Јефремов ги демантира наводите дека Јанукович би можело да побара предвремени претседателски и парламентарни избори. Во меѓувреме, високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон денеска во Киев уште еднаш ќе се обиде да придонесе за завршување на кризата во Украина. Таа деновиве најави програма за помош и поддршка на Украина на која работата Унијата и Соединетите држави.