Земјоделците во Грција ги блокираат патиштата

Грчките земјоделци најавија дека ќе постават блокади долж автопатот Атина Солун, како и на други патишта во северна Грција. Земјоделците, кои протестираат против даночните мерки кои Владата ги усвои за земјоделскиот сектор, веќе поставија трактори на различни места во земјата. Министерството за финансии им наложи на стотици илјади земјоделци да се јават во даночните служби до 20 март, за да достават изештаи за своите приходи и трошоци за минатата година. Од нив исто така се бара да имаат фискални каси и да поднесуваат даночни пријави.