Словенија погодена од природна катастрофа

.

Словенската влада соопшти дека снегот и силниот ветер остави без електрична енергија една четвртина од домаќинствата и уништи 40 насто од шумите во земјата. Силните врнежи од снег предизвикаа и блокада на патниот и железничкиот сообраќај. На вонредната седница на владата било оценето дека Словенија била зафатена од природна катастрофа и оти поправката на штетите би можело да трае неколку месеци.