Средба на Обама со преставници на одбраната околу Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама и високи претставници на одбраната се очекува денеска да разговараат околу Авганистан. На средбата се очекува да присуствува и генералот Џозеф Данфорд кој командува со меѓународните сили во Авганистан. Средбата се случува веднаш по повикот до авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи да го потпише безбедносниот пакт со што би им се овозможило на дел од американските војници да останат во земјата и по напуштањето на меѓународните сили до крајот на 2014 година. Карзаи бара исполнување на одредени услови за да го потпише договорот.