СДСМ - купување избори е кривично дело

Секој што ќе исплати социјална помош, субвенции, плати, пензии или какви било еднократни или едногодишни трансфери од буџетски средства или од кои било јавни фондови, од распишување на изборите до нивното завршување, ќе одговара со казна затвор од 3 до 5 години.

Сите буџетски исплати во текот на изборниот процес мора да бидат јавно објавувани во посебна база за буџетски трошоци, изјави потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов.

Имено опозициската СДСМ денеска укажа на измените на Изборниот законик со цел спречување злоупотреби на буџетските трансфери.
Узунов изнесе податоци, според кои, како што наведе, Владата во предизборен период ја задолжувала државата со странски и домашни заеми за предизборни цели. Тоа, како што рече, се случило во предизборниот период во 2011 година и во 2013 година.