Јанукович се враќа на работа по боледувањето

Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска треба да се врати на работа по кратко боледување. Јанукович отсуствуваше од работа од четвртокот поради проблеми со дишните патишта. Опозицијата, од друга страна, смета дека шефот на државата земал слободни денови со цел да се подготви за прогласување на вонредна состојба во земјата, Во Украина речиси секојдневно се организираат протести откако Јанукович ненадејно го блокираше долгоочекуваниот договор за стабилизација и асоцијација со Европската унија, наводно во интерес на односите меѓу Украина и Русија.