Најмалку петмина загинати во Пакистан

Најмалку петмина загинаа а триесетмина се повредени во експлозија на граната во кино сала во северозападниот дел на Пакистан. Полицијата во градот Пешавар трага по за сега непознат напаѓач. Нникој нема превземено одговорност за нападот. Инаку, Пешавар е еден од најнебезбедните градови каде се води војната против исламистичките милитанти, кои сметаат дека кинематографијата е грев.