Почеток на кампањата за изборите во Авганистан

Денеска започна кампањата за претседателските избори во Авганистан. Единаесетмина кандидати се натпреваруваат да го заменат Хамид Карзаи по гласањето на 5 Април. Актуелниот шеф на државата стапи на власт во 2001 година и ја води земјата откако талибанските милитанти беа избркани од владеачките структури во Авганистан. Уставот му забранува на Карзаи да се кандидира за трет претседателски мандат.