Расмусен и Лавров се расправаат за Украина

Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дебатираа за иднината на Украина и анти-ракетниот штит на НАТО на конференцијата за безбедност во Минхен. Расмусен изјави дека на Украина треба да и се дозволи самостојно да го избере својот пат, додека пак Лавров ги обвини европските политичари за придонесување кон нестабилноста во земјата. Генералниот секретар на Алијансата забележа дека НАТО и Русија не го оствариле потенцијалот за соработка и покрај стратешкото партнерство меѓу земјата и организацијата.