Иран ги чека блокираните приходи од странство

Иранските власти денеска ја очекуваат првата рата поврат од замрзнати примања од странство во вредност од 550 милиони американски долари. Станува збор за замрзнати парични приливи со вкупна вредност од 4,2 милијарди долари кои беа блокирани поради спорната нуклеарна програма на Исламската република. Одблокирањето на приливите следи по постигнатиот привремен договор меѓу Иран и меѓународната заедница во ноември минатата година. Договорот стапи на сила на 20 овој месец и истиот е со времетраење од шест месеци.