Специјалниот пратеник за Сирија ќе лобира за нови преговори

Специјалниот пратеник за Сирија Лакдар Брахими денеска ќе се сретне со министри за надворешни работи и други претставници од држави учеснички на конференцијата за безбедносниот во Минхен. Брахими ќе бара подршка за неговиот предлог за продолжување на мировните преговори меѓу власта и опозициските бунтовници во земјата од 10 фебруари годинава. Сиријската влада до сега ги одбиваше предлозите за нови преговори.