Лавров: ЕУ не може еднострано да го ревидира "Јужен Поток"

Договрите што Русија ги склучи со балканските земји за изградба на гасоводот “Јужен поток“ се дел од меѓународното право и Европската унија не може нив еднострано да ги подложи на ревизија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за утрешниот број на белградскиот весник „Политика“. Како што јави Танјуг пренесувајќи делови од интервјуто, Лавров во него се задржал на руско-српските односи нагласувајќи дека за Русија е „важно зближувањето на Србија со Европската унија“.