Вељаноски ќе ги распише претседателските избори

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска ќе ги распише претседателските избори и ќе го соопшти датумот на гласањето. "Во конкретниот случај имаме редовни претседателски избори кои треба да се одржат во периодот од 12 март до 12 мај" изјави Вељаноски во интервју за МИА. Се очекува петтите претседателски избори во Македонија да се одржат во април. Кампањата ќе започне дваесет дена пред изборите, а партиите се уште не излегле со кандидатури за шеф на државата.