Меѓународна осуда на тортурата врз украински активист

Дмитро Булатов

Киднапирањето и тортурата врз познатиот украински опозициски активист Дмитро Булатов предизвика меѓународна осуда. Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон изјави дека била вџашена од очигледните знаци на суров третман врз него. Амнести интернешнал побара итна истрага за, како што оцени, варварскиот чин. 35 годишниот Булатов, инаку портпарол на протестната група Аутомајдан, исчезнал во минатата недела, а бил пронајден вчера со повреди по целото тело.