Британија - нуклеарна фабрика делумно затворена поради радиоактивност

Фабрика за репроцесуирање на нуклеарниот материјал во северозападниот дел на Англија е делумно затворена откако мониторите регистрирале зголемено ниво на радиоактивност, малку над нормалата.
Селафилд ЛТД соопшти дека како мерка на претпазливост била намалена бројката на присутните вработени.
Британското Министерство за енергетика пак соопшти дека нема причина да се верува оти покаченото ниво на радиоактивност во фабриката е посериозни од она што компанијата го соопшти.