Мировните разговори за Сирија завршуваат без напредок

Делегцииите на сириските власти и на опозицијата очекуваат преговорите во Женева денеска да завршат без конкретен напредок во запирањето на насилството, политичката транзиција и овозможувањето хуманитарна помош. Претставниците на режимот на претседателот Башар Ал Асад и на опозицискиот Сириски национален совет вчера преговараа во Женева во врска со одговорноста за конфликтот во таа земја. Пратеникот на ОН во разговорите за Сирија, Лахдар Брахими изјави дека двете страни се согласиле дека тероризмот е многу голем проблем во Сирија но оти нема договор како да се справат со тоа.
Сирискиот опозициски лидер Ахмад Јарба денеска планира да има средба со руските официјални претставници, а Брахими ќе ги информира светските лидери за мировните разговори за Сирија за време на Минхенската конференција.