Времето денеска - облачно,по котлините магливо

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно. По котлините ќе се задржи магливо. Во раните претпладневни часови во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на планините слаб снег.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од еден до девет степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно и магливо. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до два степена.