Јанукович: владата ги исполни обврските, опозицијата не

Виктор Јанукович

Украинскиот претседател Виктор Јанукович во денешното обраќање до нацијата изјави дека властите ги исполниле сите обврски за решавање на кризата во земјата. „Опозицијата продолжува да ја разгорува ситуацијата“, изјави тој откако опозициските лидери го отфрлија новиот закон за условна амнестија на затворените демонстранти. Сепак, Јанукович за прв пат јавно призна дека властите направиле извесни грешки. „Од моја страна јас ќе покажам натамошно разбирање за барањата на народот, имајќи ги предвид грешките на властите. Верувам дека можеме заедно да го вратиме мирот во земјата“, рече Јанукович.