Ќе се дозволат ли политички изјави на Олимпијадата во Сочи?

Рускиот шеф на Олимписките игри во Сочи, Дмитриј Чернишенко вели дека на спортистите не треба да им биде дозволено да ги изразат своите политички ставови на прес-конференции за време на Игрите. Неговата позиција е спротивна на онаа на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, кој вели дека на спортистите им е дозволено да дадат политички изјави. Бах во понеделникот изјави дека Олимпијадата „не може да се користи како сцена за политички демонстрации“, но дека „спортистите уживаат слобода на говор, па ако на прес-конференција сакаат да дадат политичка изјава, тоа може слободно да го сторат“. Чернишенко, пак, вели дека спортистите слободно ќе можат да зборуваат за политика, но само на посебно определени места, настрана од спортските терени во Сочи.