Египет - на 20 тина новинари ќе им се суди за тероризам

Каиро - протести пред зградата на јавното обвинителство

Јавното обвинителство на Египет соопшти дека 20 новинари на Ал-Џезира ,меѓу кои, и четири државјани на западните земји ќе се соочат со судење за тероризам.

Новинари од Австралија, Холандија, и Велика Британија се обвинети за помагање терористи од ширење лажни вести за конфликтот на Египет.

Шеснаесет египќани пак се обвинети за членство во терористичка организација. Осум од 20 осомничени се во притвор.

Како што се јавува, обвиненијата се поврзани со покривањето на Ал Џезаира на Муслиманското братство кое беше официјално прогласено за терористичка организација во декември.