Анкара ќе ги укине судовите со посебни овластувања

Турција ќе ги укине судовите со посебни овластувања, кои неодамна осудија стотици офицери за учество во заговор против исламско-конзервативната влада, која е на власт од 2002 година, изјави турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.
Според Ердоган досега постоеле 133 високи казнени судови и 8 судови со посебни овластувања, а во иднина процесот против офицерите ќе продолжи само пред 133 високи судови.
Генералштабот на турската армија неодамна поднесе молба за повторно разгледување на судските процеси завршени во 2012 и 2013 година со осудување на стотици офицери по две дела за операциите „Чук“ и „Ергенекон“. Барањето за повторно разгледување на случаите Генералштабот го образложува со тоа дека употребените докази биле манипулирани.