Путин со задршка за помошта за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин и наредил на владата да почека со финансискиот пакет за Украина од 15 милијарди долари, се додека не биде формирана нова влада во Киев. Сепак Путин додаде дека Русија и натаму има намера да ги исполни ветувањата во врска со финансиската помош и намалувањето на цената на гасот за Украина, па дури и доколку на власт дојде опозицијата.