Без прогрес преговорите во Женева за сиријскиот конфликт

Лахдар Брахими

Преговорите во Женева меѓу сиријските завојувани страни и 5-ти ден се одвиваат без напредок. Владините и опозиционите претставници се сретнаа со медијаторот од Арапаската Лига, Лахдар Брахими, но известувачите се сомневаат дека до петок, кога е последниот ден од преговорите, ќе има некаков прогрес. Клучен проблем меѓу двете страни е дали претседателот Башар Ал Асад треба да си поднесе оставка и власта да ја предаде на транзициона влада.