Ердоган во посета на Иран

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган допатува во Техеран на разговори со иранските лидери за билтареалните односи и за регионални прашања, вклучувајки го и конфликтот во Сирија. Иран го подржува режимот на сиријскиот претседтел Башар Ал Асад, додека Турција им дава засолниште на сиријските бунтовници. Инаку, за време на дводневната посета на Ердоган се очекува формирање заеднички совет за трговски прашања, по олеснувањето на меѓународните санкции против Иран.