ОН одобри европски трупи во Централната Африканска Република

Советот за безбедност на Обединетите нации го одобри распоредувањето на силите на Европската унија во Централната Африканска Република со цел да им помогне на напорите да се справат со насилството во оваа земја. Оваа мерка која беше едногласно одобрена, им дава на војниците на ЕУ можност да ја користат "сета неопходни сила" за заштита на цивилите. Претходно овој месец, ЕУ го одобри испраќањето 600 војници во Централната Африканска Република. Се уште не се знае кои европски земји ќе исратат свои војници. Франција соопшти дека војниците на ЕУ ќе помогнат да се заштитат околу 100.000 раселени луѓе кои се засолниле на аеродромот Банги. Во декември, Франција испрати 1.600 војници да им се приклучат на повеќе од 3.500 мировници кои беа веќе распоредени во Африканската Унија. ОН предупредија дека насилството меѓу христијаните и муслиманите во поранешна француска колонија може да се претвори во геноцид.