Николиќ утре ќе распише предвремени избори во Србија

Томислав Николиќ и Александар Вучиќ

Српскиот претседател Томислав Николиќ, како што е најавено, утре ќе ја потпише одлуката за распишување избори. Премиерот и вицепремиерот Ивица Дачиќ и Александар Вучиќ денеска му предадоа на шефот на државата владин предлог за распуштање на собранието и за распишување вонредни парламентарни избори. „Со цел создавање услови за изјаснување на граѓаните за идниот правец на државната политика за што е потребна широка поддршка на општеството бараме нови избори за народни пратеници“, се вели во образложението на предлогот. Според најавите, изборите би се одржале на 16 март.