Грција во февруари очекува договор со „тројката“ за нов заем

Јанис Стурнарас

Грција, до средбата на Еврогрупата во февруари, очекува да постигне договор со „тројката“ меѓународни кредитори: ЕУ, ЕЦБ и ММФ , со цел одлуката за одобрување на следната транша од заемите да биде донесена на средбата на Еврозоната во март.

Ова во Брисел го изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас, пренесе радио Атина. Министерот призна дека грчката страна се уште има разлики со „тројката“ за некои од разгледуваните теми, но прецизира дека Атина на кредиторите им дала алтернативни предлози.

Пред Еврогрупата, Стурнарас изјави дека Грција ги исполнила буџетските цели за 2013 година и дека се очекува првичниот буџетски суфицит да изнесува 830 милиони евра.