Украинскиот премиер Микула Азаров поднесе оставка

Украинскиот премиер Микула Азаров поднесе оставка, јави украинскиот сервис на РСЕ.
Оваа негова одлука, како што соопшти Азаров, е за да се креира дополнителна можност за компромис за кризата во Украина.

Во Киев е во тек вонредна седница на украинскиот парламент чија цел е смирување на двомесечните немири.

Во пресрет на седницата, претседателот Виктор Јанукович се сретна со тројца опозициски лидери и се согласи да ги повлече контроверзните антипротестни закони, донесени од парламентот на 16 јануари.

Во телевизиско обраќање, министерката за правда Олена Лукаш изјави дека еден од лидерите на опозицијата Арсениј Јаценјук формално го одби предлогот на Јанукович да ја преземе должноста премиер.