Денеска годишно обраќање на Обама во Конгресот

Американскиот претседател Барак Обама денеска на заедничка сесија на двата дома на Конгресот ќе го има своето годишно обраќање до нацијата.

Обама се очекува да ги објави плановите за обука за работа, за пензионирање, за безбедност и помош за оние кои се подолго време невработени односно пакет акции за кои не е потребно одобрување од Конгресот.

Станува збор за планови на Белата Куќа за намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните. Републиканците, како што се јавува, не го одобруваат овој самостоен пристап на претседателот.

Овој настан традиционално привлекува милиони американци да го следат преку телевизија и интернет.