Средбата Дачиќ-Тачи без резултат, дијалогот продолжува во февруари

Високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон по синоќешната средба во Брисел изрази задоволство од посветеноста на премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи да ја продолжат работата за нормализација на односите врз база на априлскиот договор меѓу Белград и Приштина. Разговаравме за многу прашања, рече Ештон по 21 рунда од дијалогот, додавајќи оти се радува дека ќе ги види двајцата премиери на 12 февруари, кога ќе продолжи процесот.
Дачиќ и Тачи тогаш ќе се сретнат во Њујорк, каде што ќе учествуваат на седница на Советот за безбедност на ОН за Косово.
Двајцата премиери синоќа изјавија дека не е постигнат договор во врска со правосудството, но оти дијалогот ќе продолжи за 15-ина дена.