Министерот Џафери во посета на Хрватска

Делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија, предводена од министерот Талат Џафери ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. За време на посетата, тој ќе се сретне со својот домаќин, министерот за одбрана на Хрватска, Анте Котромановиќ, а ќе биде примен и од претседателот Иво Јосиповиќ, и од првиот човек на парламентот Јосип Леко.
Во рамките на посетата се очекува да биде потпишан билатерален договор во врска со изработка на предаквизициска студија за потребите на проектот BRAAD.