Расмусен го предупреди Авганистан во врска со безбедноста

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен ја предупреди авганистанската влада дека нема да може да ги финансисра своите безбедносни сили доколку не го потпише билатералниот договор за безбеднос со САД. Расмусен изјави дека откако годинава ќе се повлечат сите странските сили од Авганистан, доколку нема договор со САД, Кабул нема да може да издвои доволно средства за сопствената армија. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи сеуште одбива да го потпише безбедносниот договор со САД.