Во Атина средба на министрите Џафери и Аврамопулос

Димитрис Аврамопулос

Министерот за одбрана на Македонија Талат Џафери, денеска во Атина се сретна со неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос, со кого, меѓу другото, потпишаа и Протокол за соработка меѓу двете министерства за 2014 година. „Оваа средба покажува дека нашите институции имаат капацитет да ги надминеме сите проблеми што се на патот на комуникација“, рече Џафери по средбата, додавајќи: Убеден сум дека основата за разговори за изнаоѓење решение за проблемот кој што стои меѓу нас околу името на државата е тема која што во иднина би требало да се интензивира меѓу соодветните институции.