Најмногу Греми награди за Дефт Панк

Француското електронско дуо Дефт Панк доби пет Греми, американски музички награди што синоќа се доделуваа во Лос Анџелес. Групата меѓу другото доби Греми и за најдобар албум. Со четири освоени Греми награди е рап дуото Меклмор енд Луис, додека две Греми освои новозеландскиот тинејџер Лорди доби две награди, вклучувајќи и за песна на годината. На годинашното доделување заеднички настапија и двајцата членови на легендарните „Битлси“, Пол Макартни и Ринго Стар, а по повод 50 годишнинатата од првиот телевизиски настап на оваа група во Соединетите држави.