Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина

Дијалогот меѓу Белград и Приштина денеска ќе продолжи во Брисел. Српскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи ќе се сретнат во кабинетот на високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедност Кетрин Ештон.
Како што информираше Дачиќ пред средбата, за време на овој круг од разговорите ќе стане збор за отворените прашања, поврзани со правосудството и формирањето на Сојуз на српски општини.
Денешната средба ќе биде прва рунда од дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина годинава, а 21 од почетокот на дијалогот.
Ештон прво ќе има одделни средби со Дачиќ и Тачи, а потоа разговорите ќе продолжат на работната вечера во нејзиниот кабинет.